Signal е апликација за допишување каде приватноста е најважна. Бесплатна е и лесна за користење, целосно шифрирана за вашите разговори и повици да останат целосно приватни. Ниту Signal ниту некој друг може да ги чита вашите пораки или да ви ги слуша повиците. 

• Signal на MacOS се поврзува со Signal на вашиот телефон. 

• Бесплатно испраќајте целосно шифрирани текстуални и гласовни пораки, слики, видеа, GIF-ови и датотеки. 

• Останете поврзани со групни разговори со до 1.000 лица. Одредувајте кој ќе може да објавува и управувајте со членовите на групата со поставувањата за администраторски дозволи.

• Јавете им се на вашите пријатели со кристално јасни, целосно шифрирани гласовни или видео повици. Поддржани се групни повици за до 75 лица.

• Signal е создаден за вашата приватност. Не знаеме ништо за вас или за оние со кои разговарате. Благодарение на нашиот Signal протокол со отворен код, не можеме да ги читаме вашите разговори или да ги слушаме вашите повици. Не може ни никој друг. Без бекдор методи, без собирање податоци, без компромиси. 

• Споделувајте фото, видео и текстуални приказни кои исчезнуваат по 24 часа. Со поставувањата за приватност вие одредувате кој ќе може да ја гледа секоја приказна.

• Signal е независен и непрофитен; еден поинаков вид на технологија од еден поинаков вид на организација. Како непрофитна организација класифицирана по 501c3, нас нè поддржуваат вашите донации, а не огласувачи или инвеститори. 

• За поддршка, прашања, или повеќе информации, посетете ја https://support.signal.org/

За да го погледнете нашиот изворен код, посетете ја https://github.com/signalapp 

Следете нè на X (@signalapp) и Instagram (@signal_app)
